речник контакт

Професорката Хаџиева, добитник на Општинската награда за просветен работник, реагира дека се заборави на воспитниот процес кај учениците

Системот на образование отиде под границите – вели Хаџиева

Петар Печков

Мораме да работиме на воспитниот процес кај ученците од повисоките класови, оти системот на образование  многу падна, кажа при добивањето на општинското признание за просветен работник во средните училишта,  за 2024 година, професорката Снежана Хаџиева.

Таа предава во хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес. Работи како професор по хемија и предава стручни хемиски предмети.

„Процесот на образование на учениците е многу изменет, во однос на тоа кога започнав. Не може да се споредува, сличности има малку, децата се променети, времето исто така, транзицијата. Системот на образование отиде под границите, мора многу да се вложува, мотивациски да се дејствува врз учениците, мора да се сфати целта на обрзованието. Се заборави од страна на наставниците на  воспитниот процес во образованието, посебно кај поголемите ученици.  Би сакала образованието да не биде на маргините како досега, учениците да се натпреавруваат меѓусебно, само така ќе се постигнат добри резултати.  Среќна сум и задоволна бидејќи го дадов мојот максимум, останувам во оваа сфера, продолжувам да работам во науката, како што го работев тоа и досега“ – кажа Хаџиева.

Таа исто призание  има добиено во 2019 година. За некој ден Хаџиева заминува во пензија.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »