речник контакт

Професорката на Архитектонски факултет Зорица Блажевска е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2022 година

Нејзини дела се Дом за нега „Сју Рајдер“,Дом за стари лица, Дузлак, Штип,

Петар Печков

Зорица Блажевска, професор при Архитектонскиот Факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2022 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.

Творештвото на архитект Блажевска е длабоко посветено на архитектурата на домувањето со особен фокус на една од најчувствителните теми – архитектурата за третото животно доба.

Професорката Зорица Блажевска на Архитектонскиот факултет во Скопје ја продолжи линијата на нејзините претходници, професорите Јован Ранковиќ и Георги Константиновски, но даде и еден личен поглед на проектот на домувањето. Како професорка на Проектирање на станбени згради, како и на низа предмети поврзани со областа на домувањето, ја постави и разви темата на живеење во третото доба како дел од педагошкиот проект и како одреден општествен ангажман“, велат од ААМ.

Архитект Зорица Блажевска се формира во творец со особен авторски пристап. Во периодот на транзитот на бруталистичката архитектура кон почувствителните регионални теми и отворањето кон плуралистичките тенденции на современиот свет, таа умешно ја задржува мерката на една длабоко човечна и просветена архитектура, што е видливо низ нејзините дела: Соборна Православна Црква, Струмица(1993), Дом за нега „Сју Рајдер“ (1996), Урбанистички-архитектонски проект за дел од реонски центар Карпош 3, (2004), Основно училиште „Димо Хаџи-Димов“, Скопје (2004), Дом за стари лица, Дузлак, Штип (2011), Типски решенија на семејни куќи (2015), Еко куќа, Бардовци, Скопје (2008).

Оваа награда до 2005 години се доделуваше во црквата Св. Пантелејмон на 12 јуни во  Велес, заедно со Општина Велес, но по откажувањето на локалата  власт, таа замина во Скопје.

Свеченоста за доделување на наградата ќе се одржи на крајот на јануари, 2023 година.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »