речник контакт

Професорот од Блаже Конески кој беше обвинет дека присвол златно ланче, ослободен

Обвинителството се откажа од гонењето на професорот П.Ж. од ОУ Блаже Конески за кривично дело Затајување

Петар Печков

   Обвинителството се откажа од гонењето на професорот П.Ж.  од ОУ Блаже Конески за кривично дело Затајување.  Судскиот процес против него е прекинат, затоа што Јавниот обвинител како овластен тужител во текот на главниот претрес се откажа од обвинението.

П.Ж. се товареше дека на 27 септември лани , како наставник по физичко воспитување, од сведокот - ученикот К. Х.  присвоил туѓ предмет -златен ланец со привезок Исус, во вредност од 25.000 денари, сопственост на оштетениот В. К.  Во спортската сала во училиштето  К.Х. го нашол ланчето, се упатил кај  П.Ж. како одговорен наставник и му го дал,   му кажал дека го нашол, по што обвинетиот го земал кај себе и не го пријавил. Во недостаток на доказ за ваквото дејствие обвинителството се откажа од натамошниот процес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »