речник контакт

Проценка Општина Велес има 54.546 жители

Во недостаток на Попис, надлежните со процена. Каква е состојбата во Лозово, Градско и Чашка. Секаде повеќе машки отколку женски

Петар Печков

Општина Велeс според  официјалниот документ на Државниот завод за статистика, се претпоставува дека брои     54 546  жители од кои  мажи се 27 428 а жени  27 118.

Најмногу жители се на возраст од  30-34 години - 4.370, а во близина според старосната структура се  50-59 и 25-29 со над 4 илјади лица .  

Со официјалниот последен Попис од 2002-та Општина Велес, тогаш броела  55.108 жители, во кои влегуваат и селата Горно и Долно Јаболчиште, кои со новата територијална поделба преминаа во Општина Чашка во 2005-тата.  

Со претпоставките на Државниот завод за статистика: 

Општина Градско брои 3.580 жители , од нив  1.907 машки и  1.673 женски. 

Општина Лозово има 2.580 жители, од нив  1.372  мажи и 1.208 жени.

Општина Чашка има  8.003 жители, од нив  4.237 мажи и  3.766 жени 

 Од бројките може д а се забележи дека  и во општина Велес, но и во соседните има повеќе мажи отколку жени.

 

Постапката за изработка на процени на населението во пописната година е следна:

1. На податоците за бројот на населението по пол и според календарската година на раѓање од Пописот се додаваат податоците за бројот на умрените лица од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот, според полот и календарската година на раѓање;

2. Од добиените податоци со претходната операција се одземаат податоците за бројот на живородените деца во земјата според полот, од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот;

3. Од добиените податоци со претходната операција се одзема салдото на миграции од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот, според полот и календарската година на раѓање. На овој начин се добива состојба на населението според полот и календарската година на раѓање на почетокот на пописната година, односно на крајот на претходната година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »