речник контакт

Процентот на вакцинирани против ковид-19 во велешко е 47 отсто

Новина е што сега во опфатот се внесени податоци за лица на 12 годишна возраст и повеќе. Каде интересот е највисок, во кои градови?

Петар Печков

Институтот за јавно здравје,  го објави неделниот  извештај за состојбата со вакцинацијата за заштита од ковид-19, заклучно со 7-ми ноември. Новина е што сега во опфатот се внесени податоци за лица на 12 годишна возраст и повеќе, откако претходно се евидентираа вакцинирани +18 години. Поради тоа и паднат е процентот на опфат, оти мал е бројот на деца кои се вакцинираат.

Така до 7-ми ноември, во велешко опфатот е 46,9%. Само за илустрација податокот од 20 октомври кога опфатот беше +18 изнесуваше 52отсто.  Ова се податоци освен за општина Велес и за соседните Градско и Чашка, но и дел до жителите на Лозово се вакцинираат во Велес.

Најмногу вакцинирани  на возраст +12  има во Неготино и Кавадарци со 60,1 и 59,4  Охрид 59,3  па Гевгелија со 57,6  и Ресен со 56,5  отсто. Од поголемите градови состојба е следна: Скопје 42,9, Битола 52,9  Куманово 33,6,  Кочани 39,3,  Струмица 31,0  Тетово 39,0 Штип 49,1,   Прилеп 46,7, Гостивар 31,2, Струга 40,4. Затоа пак во  Берово 54,2 отсто, Валандово 51,9  или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е   43,4 проценти.

фото Зоран Николов

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »