речник контакт

Процентот на вакцинирани против ковид-19 во велешко е 51 отсто

Интересот за вакцинација во велешко опаѓа

Петар Печков

Министерството за здравство го објави извештајот за состојбата со вакцинацијата за заштита од ковид-19. Процентот на опфатност  во велешко порасна на  50,9. За потсетување на 7-ми септември беше 49,1 отсто. Со пресекот кој се однесува заклучно со 26-ти септември во велешко биле аплицирани 26.608 прва доза вакцини и 24.628 втора доза.

Најмногу вакцинирани има во Неготино и Кавадарци со 65,1 и 64,3, Охрид 63,9  па Гевгелија со 61,4 отсто. Од поголемите градови состојба е следна: Скопје 49,6, Битола 57,5, Куманово 54,1, Кочани 42,0 , Струмица 34,8, Тетово 42,8 Штип 53,4,   Прилеп 51,1, Гостивар 33,5, Струга 44,0. Затоа пак во Ресен има опфат од 59 отсто, Берово 57,7 Пехчево 54,1 , Крушево 54,2, Валандово 55,4, Пробиштип 52,0 или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е   47 проценти.

Последниот месец, септември интересот за вакцинација во Велес и велешко опаѓа. Се аплицираат прва доза по 50-тина на ден,  вакцини „Фајзер“ или за лицата над 60 годишна возраст „АстраЗенека“.  Вчера понеделник биле пуштени 41. Во вакциналниот пункт во Уред вакцини можат да примат и жителите на соседните општини Градско, Лозово и Чашка.  

Во Македонија вчера започна вакцинацијата со трета доза против ковид-19. Според Националниот комитет за имунизација, трета доза се препорачува за сите граѓани над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести без разлика на возраста.

Третата доза ќе се дава од производителот „Фајзер“, без разлика со која вакцина претходно граѓаните се вакцинирале. Препораката важи и за граѓани кои прележале ковид-19, се вакцинирале, а спаѓаат во наведените категории.

Третата доза треба да се прими најмалку после 6 месеци од втората доза. Граѓаните ќе добијат порака преку „Мој термин“ дека може да се јават за вакцина.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »