речник контакт

Процесот за изградба на пречистителна станица во Велес, заглавен во административни работи

Причината е локацијата каде требала да се гради, била доделена за лозови површини

Петар Печков

Постапалка за изградба на пречистителна станица и колекторски систем за отпадни води во Велес  заглави во  административни работи, оти  се јавил проблем, кои надлежните се обидуваат да ги расчистат. Таа треба да се гради под вливот на река Бабуна во Вардар.

Причината е локацијата каде требала да се гради,   била доделена за лозови површини. Останати документи биле набавени и се бара решение за нова локација. Постапката за изградба на пречистителна станица  со колекторски систем била  во тек и градоначалникот Марко Колев уверува дека заедно со државните институции прават се за да се надмине  проблемот.

„Имаше проблем со  локацијата, бидејќи  на истата има лозови насади кои Министерството за земјоделие пред две години ги дало под концесија. Со министерот  ги  разгледуваме  можноста за поместување на локацијата, за да  може   процесот да продолжи.  Изработена е хидролошка студија од страна на фирмата „Актива ИНГ “ од Штип. Добиени се согласности од ЈП за државни патишта, од МЖ Инфраструктура“ - изјави градоначалникот Марко Колев.

Проектот за изградба на пречистителна станица и колекторски систем за отпадни води во Велес  се реализира  преку ИПА 3 програмата  на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина. Општина Велес е вклучена заедно со Општина Штип. 

Според проектната документација,  вредноста е помеѓу  23,5  до 24 милиони евра. Ако се биде според планираното неговата реализација би започнала   наредната година, 2023-та а истата поради комплексноста и специфичноста на теренот би траела  подолг временски период.  Проектот го  води Министерството за животна средина.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »