речник контакт

Прскање против комраци утре нема, ни наскоро нема да има

Ќе се чекаат поволни временски услови

Петар Печков

Најавеното прскање против комарци, за  утре четврток, е откажано. Причина  се временските услови, поточно   ниските  утрински  и  дневните темепратури, како дождот кој деновиве  падна.    Поради тоа прскање против  комарците нема да  има.  

Превентивното прскање против комарците во овој  период е непродуктивно. Комарците ги нема во вкави услови. Ќе се прска  откако ќе се затопли,  кога ќе има неколку дена континуирано високи  утрински и дневни  температури - изјави д-р  Флорентина Ристовска Шурбевска директор на Центарот за јавно здравје  Велес.  

Посочи дека најавените вакви акции во Скопје и останатите градови во земјава  исто така ќе се одложат.  Се очекува дека првата  акција на прскање против комарците,   ќе  се случи  најрано  во средината на мај.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »