речник контакт

Пукна петарда во мрежата на ФК Борец во Струмица

ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ФК БОРЕЦ 5:0(3:0)

Петар Печков

Ништо ново од фудбалерите на велешкиот прволигаш Борец, го забележаа 15-тиот пораз. Убедливо  загубија  во Струмица од екипата на ФК Академија Пандев со 5:0.

Домаќините кои се втори на табелата лесно стигнаа до победата а можеа и да постигнат повеќе  голови. Борец се повеќе заостанува, има 8 бода негатива во однос на соседите на табелата ФК Тиквеш и ФК Скопје, со што се поизвесно е дека ќе ја напушти оваа конкуренција а до крајот  на првенството има уште 11 кола.

Велешани се претпоследни 11-ти  а во следното коло повторно гостуваат во Штип против ФК Брегалница, која е петта со 33 бода.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »