речник контакт

Пушењето и мрсната храна најголемата причина за кардиоваскуларните заболувања

Недела на борба против срцесадовите заболувања.Здрава храна и физичка активност, најдобра превентива

Петар Печков

Во Неделата на борба против срцевосадови заболувања  21-28 февруари, докторите предупредуваат дека пушењето е најголема опасност по здравјето на луѓето, од кого настануваат кардиоваскуларните заболувања. Потоа следат мрсната храна, шеќерната болест, стресот.  

Според статистиката на светско ниво, каде е идентична состојбата и за Македонија,  од вкупниот број на починати 63  отсто отпаѓа на кардиоваскуларни заболувања, 25 отсто на карциномите. Докажано е дека мажите повеќе страдаат од жените од кардиоваскуларните заболувања.

Д-р Милчо Трајков - Претседател на Општинската организација на Црвен крст Велес и претседател на секцијата за борба против срцевосадови заболувања, посочува како до добро здравје и како да се избегнат проблемите со овие болести.

Треба да се престане се пуши, тоа е основно.  За храната да се јаде бело месо не црвено, да се консумира  повеќе зеленчук, овошје,  сол да не се внесува.  Потребна е зголемена физичка активност,   да се пешачи, да се вози велосипед, да се избегнува стресени ситуации  - препорачува д-р Трајков.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »