речник контакт

Пуштен во употреба водоснабдителниот систем за езеро Младост

Во Велес заврши и променат на светилките. Овие два проекти вредни 66 милиони денари, обезбедени со кредит од Светска банка

Петар Печков

Предаден е во употреба водоснабдителниот систем, со кој езерото Младост и околината се поврзуваат со градскиот водовод во Велес. Со ова тие ќе добиваат квалитетна вода за пиење а се создаваат услови за развој на туризмот.   Двата инфраструктурни проекти се  финансирани од кредит од Светска банка, вреден 66 милиони денари, за кој се задолжи општина Велес..

Со овој водоводен систем  во должина од 9 км. обезбедивме  вода са пиење за индустриската зона Речани, Башино село, сателитската населба покрај езерото Младост, двата мотели, Прокредит Академијата, селото Новачани. Истовремено го завршивме и вториот проект, заемната на старите живини светилки со нови економични – рече Славчо Чадиев Градоначалник на Велес. 

Со првиот проект вреден 42 милиони денари, решено е водоснабдување со околината на езеро Младост. Така 3 до 4 илјади граѓани добиваат вода за пиење, а се создава можност за користење на туристичкиот потенцијал на езерото Младост. Со вториот проект осветлување на градот, кој чини 23,5 милиони денари, промените се старите со нови енергетски светилки,  на тој начин остварена е заштеда но и  безбедност за граѓаните.

Греис периодот пред отпочнување на отплатата на кредитот изнесува три години од денот на задолжувањето а средствата ќе се враќаат од општинскиот Буџет во период од осум години. Во иднина се најавува дека водоводниот систем ќе биде продолжен и кон околните села Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Кумарино.

При изградбата на водоводниот систем кон езерото, на приодот, каде е сега препумпната станица, како колатерална штета, лани пролетта беа исечени 1250 борови. Согласно обврската општината на Вршник засади исто толку багреми.   Во изминатата година и пол заврши замената на   2.915 светилки на 154 улици  Велес, и во 25 села. На овој чин  присуствуваше министерот за финансии Зоран Ставревски кој го предаде во употреба водоснабдителниот систем.

Кога има добри проекти, Владата е тука да ги поддржи. Јас сум задоволен што општината и изведувачите, сработија максимално ефикасно, го минаа тестот на Светска Банка и ги реализираа овие два проекти – рече Ставревски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »