речник контакт

Пуштен во употреба пат до селото Горно Јаболчиште

Инвестицијата, реконструкцијата на патот е проект на Владата, реализиран со милион евра пари од Светска банка преку Агенцијата за државни патишта

Петар Печков

Пуштен е во употреба патот до Горно Јаболчише  во должина од 8,9 километри од селото Дреново преку селото Долно Јаболчиште. Целиот проект инвестицијата, реконструкцијата на  патот е проект на Владата,  реализиран со милион евра пари од Светска банка преку  Агенцијата за државни патишта

Патот во употреба го пуштија градоначалникот на Општина Чашка, Горанчо Пановски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и други претставници на партијата, меѓу кои и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и претседателот на Советот на Општина Чашка, Рамадан Амзов.

Изградбата на патот претставува огромно олеснување за локалните жители. Тие досега патуваа до Велес, по лош земјен пат со часови и беа отсечени од светот. На свеченоста говореше и Али Ахмети лидерот на ДУИ, но неговиот говор немаше превод, па читетелите не можат да прочитаат што тој кажа во оваа пригода.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »