речник контакт

РК Бисинов со 12 победи лидер во Првата ракометна лига група „Б“, напролет се бори за пласман во Супер лигата

Постариот ракометен лигаш, кој има најмлада екипа во Првата лига, ќе се бори за опстанок

Петар Печков

Со настапите на двете ракометни екипи, во Првата лига, завршија настапите на велешките екипи за 2023 година. Забележани е победа и пораз. Победи екипата на РК Бисинов  која со 14:36( 10:19) славеше во Гевгелија над  последно пласираниот тим на РК партизан. На пролет РК Бисинов заедно со други седум екипи, од групите „А“ и „Б“ кои беа на првите  четири места ќе се бори за првото место кое води во Супер лигата. По 12 одиграни кола, помладиот велешки лигаш има максимум, 12 победи. Во друштво за пласман во Супер лигата ќе се бори со РК Радовиш, РК Металург, РК Македонија ЃП, РК Младост, РК Драчево, ЈК Јехона и РК Шампион.

МРК Борец загуби дома од  трето пласираниот тим на табелата, РК Јехона од Гостивар со 38:54 (20:22). По 14 одиграни кола МРК Борец е последен во групата „А“ и напролет ќе игра за опстанок во лига систем со осум екипи,   по четири кои се ниско пласирани во групата „А“ и групата “Б“.

фото ФБ/ РК Бисинов

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »