речник контакт

РК Борец засилен во новото првенство

Со високи амбиции во новото првенство, стартува подготовките на велешкиот суперлигаш

Петар Печков

Со шестмина ракометари и нов тренер, повеќето од Тиквеш, суперлигашот Борец од Велес се засили за претстојното првенство. Во редовите на велешани дојдоа голманот Кирил Колев, левото  крило Шалевски (Тиквеш), десното крило Костески (Струга) и Лазов (Тиквеш), десниот бек Милосављевиќ (Тиквеш) и  средниот бек Димитриевски  (Куманово), а нов тренер е Милчо Чакарески кој дојде од кавадаречки Тиквеш.

Во екипата останаа и интернационалците Игор Тодоров и Виктор Гигов, а заминаа четворица ракометари меѓу нив и браќата Трчкови кои прејдоа во Овче Поле од Свети Николе.. РК Борец до понеделник ќе се подготвува во Велес, потоа заминува во Струга, каде ќе учествува на тамошниот меѓународен ракометен турнир, а велешани новиот состав ќе можат да го видат на 17-ти септември кога во Велес во првото коло од Супер лигата се сретнуваат со екипата на Металург Јуниор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »