речник контакт

РК Борец остана суперлигаш

Велешани во баражот ја декласираа екипата на Овче Поле од Свети Николе со 53:19. Спонзорот најавува од есен екипа за високи дострели

Петар Печков

Велешки Борец и наредната сезона ќе игра во најквалитетното ракометно друштво, откако вчеравечер во бараж натпреварот, одигран во салата Гемиџии во Велес, со уверливи 53:19  ја победи екипата на Овче Поле, четвртопласирана  во Првата лига.

Натпреварот  иако значаен за двете екипи, пласман во Супер лигата, немаше никаква тензија бидејќи велешани иако играа со подмладен состав, уште од првите минути покажаа кој е кој  на теренот и каков е односот на квалитетот. Со таков распоред на силите првите 30 минути завршија со 27:7. 

За илустрација Илиев, најдобриот домашен ракометар влезе во игра во последните три минути а постигна четири гола. Кај Борец Петров постигна 12, Мачавелов 10 и Трчков 8 гол, а додека кај Овче половина од вкупниот број на голови 10 ги постигна Кузелов.

Претседателот на Борец, спонзорот Кочо Анѓушев, еден од сопствениците на АД Брако, по опстанокот во Супер лигата најави дека екипата ќе се засили со квалитетни имиња и желба е пласман при врвот и настап во Европските купови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »