речник контакт

Работеа на минус 13 а плата не добија

80-тина жени, велешанки протестираа поради неисплатени плати од неготинска фабрика

Петар Печков

Осумдесеттана жени, велешанки протестира во центарот на градот, барајќи ги нивните плати.  Тие  минатата година работеле во фабриката за замрзната храна во Неготино, месец и половина, биле напуштени а ниту по толку време не ги добиле заработените плати. Затоа се собраа да го свртат вниманието на јавноста, во какви услови работеле а за возврат не добиле ништо. Со договор на дело биле ангажирани од први ноември до 15 декември, како сезонски работници.

Работевме на норма, на минус 13 степени, секој ден за 350 денари дневница, во три смени. Кога не ангажира раководството ни вети плата до 17 декември. Наместо плата не напуштија. Еве помина и февруари, три месеци подоцна ништо не ни исплатија. Не лажат, ни ветуваат секој први и 15-ти но од тоа ништо – велат работничките. 

Тие за остварување на нивното право на плата биле и во  трудова инспекција и во УЈП во Велес, од каде ги упатиле нивното право да го бараат во Неготино, каде е местото на фирмата каде работеле.  Понижените и обесправени жени толку време живеат во надеж дека ќе ги добијат платите, сработени и со влошено  здравје  а една од нив  и по живот.

Колешка доаѓаше да работи само за да може да си ги плати лековите. Не дочека плата а во меѓувреме таа почина. Беше многу болна, но доаѓаше  со верба дека од парите ќе си купи лекови,  да оздравее. Ова е  човечка трагедија – вели една од нејзините колешки.

Тие бараат од државните институции да им помогнат, тоа што им следува, платите, конечно   да  ги добијат.  Објаснуваат дека не можат да тужат оти адвокатите барале 4 илјади денари такса а тие не биле во можност да ги патат овие трошоци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »