речник контакт

Работен камп на екологистите во домот во Голозинци

Во периодот од 14 до 22 август во велешкото село Голозинци се одржува работен камп насловен „Дом Голозинци“.

Петар Печков

Проектот е реализиран од Друштвото на екологистите на Македонија ДЕМ и велешкото еколошко друштво Вила Зора. Десетина нивни членови, но и гости од соседните Бугарија и Србија вршат анализа на можностите и потенцијалот на домот за примање на гости. Тие работат како домот „Голозинци“ да стане комерцијален објект отворен за туристите и гостите.

Цел на проектот е да ги испита ресурсите за развој на селскиот рурален младински туризам во овој дел на реонот на Азот.

Домот во селото Голозинци е сопственост на извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, располага со 60 легла, камперски простор за 50 шатори, има вода санитарен јазол, современа кујна и трпезарија, телевизија и засега не е комерцијално достапен. Тој се користи за обука, советување, средби и смотри на извидниците не само од Велес, туку и од Македонија но и гости скаути од странство.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »