речник контакт

Работнииците дома, фабриките под клуч

Од почетокот на месецов 370 вработени во две велешки фирми се дома, Евелин - текстил се затвори, Киро Ќучук без струја

Петар Печков

 Од почетокот на месецов 370 вработени во две велешки фирми се дома, а исто толку фамилии останаа без егзистенција, откако фабриките каде работеа се под клуч. Дел од овие вработени се дома на неодредено време, други на листа на чекање, кога фабриката повторно ќе проработи  со што листата од 1.800 велешки семејства кои живеат во сиромаштија од овој месец се зголеми. 

Грчко - македонската фирма Евелин текстил од Неготино се затвори  и 120 вработени беа испратени дома без објаснување. Во Керамичката индустрија Киро Ќучук  им ја исклучија струјата и 250  вработени се дома, додека не се плати долгот. Работниците од двете фирми разочарани и лути, што си играат со нивните животи и судбините на нивните семејства.

На 22 октомври кога дојдовме утрото на работа, управителката од Неготино не пречека и ни рече дека имаат проблеми со наплатата на сработеното, иако се што шиевме беше за странски пазар. Поради тоа не знаат како натаму, па се вративме дома. Попладнето дошле си ги собрале машините а нас не оставија на улица. Какви се овие странски инвеститори, во соработка до домашни полтрони, кои не третираат како робови, дојдоа не искористија и си отидоа - велат работничките во текстилната фабрика Евелин текстил.

Стоидваесетте вработени немаат никаква информација што натаму,  но очекуваат исплата на платата за  октомври.  Немаат никаков документ за нивниот статус дека се вработени.  За шест месеци работа, од април откако започнале да шијат, не добиле ниту еднаш сини картони за  здравствено осигурување, платата што ја добивале била пола на трансакциска, пола во готово. Се што работеле, било за странски пазари, за однапред познат купувач и продадено, но работниците од тоа не виделе фајде, останаа на улица и без две плати.

Во истиот период, од 20-ти октомври и 250 вработени од АД Киро Ќучук не одат на работа а не знаат ниту кога повторно ќе тргнат. Таман започнаа со работа,  еден месец и се порадуваа дека конечно на друштвото му тргна, работниците од Киро Ќучук се повторно дома. ЕВН ја исклучи електричната енергија поради милионски долг на фабриката за цигли. Така 250 работника откако еден месец одеа на работа и земаа плата, сега се повторно дома.

Цело лето, три месеци не работевме, дојде ново раководство, нов директор и еден месец работевме. Земавме после долго време плата на трансакциска и кога следниот ден, ја исклучија струјата и сега ниту знаеме кога ќе проработиме, кога ќе се вратиме во фабриката. Никој ништо не кажува, па се слушаат само црни прогнози – велат работниците од Киро Ќучук.

Тие чекаат за исплата 15-тина плати а сметката на друштвото е блокирана поради огромен милионски долг за придонеси кон Фондот на ПИОМ и кон државата за ДДВ и персонален данок. Поради тоа имаше два обида друштвото да оди во стечај, но тие барање во последен момент пред судското рочиште беа повлечени. Во Агенцијата за вработување во Велес се водат како невработени 16 илјади лица а таа покрива 65 илјади жители.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »