речник контакт

Работник во Брако тешко повреден на работно место

По пожар старица пренесена во велешка Болница. Куче каснало лице во село Црквино

Петар Печков

Средата наутро  околу 9  часот во ДПТУ „Брако“  тешко е поврден работник. СВР Велес информираше за несреќата.

Во  погон Клинчара, додека лицето Ѓ.Д.(41) од Велес работело на машина за обработка на жица истиот бил вовлечен во машината и приклештен од жицата по што машината автоматски престанала со работа - информаираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.  

Од ЈЗУ Општа Болница Велес кажаа дека повредениот му е дадена неопходна помош во нивната здравствена институција, при што  Ѓ.Д. имал повреди на градите, стокакот, р`бетот, и со животно загрозувачки повреди но во стабилна состојба е пренесен  на лекување на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Вчера на пладне   се случи пожар  во новиот дел на градот, близу кружниот тек кај Авона. Старица која е сопственичка завшри во Болница. 

Средта во 12,30ч. на улица „Ѓорѓи Војтех“ во стан сопственост на К.М.(77) настанал пожар во една од собите при што е опожарен мебелот. Од страна на теритиројалната против пожарна единица  пожарот е локализиран околу 13.30 часот. Сопственичката на станот е пренесена во ЈЗУ Општа болница - Велес каде е задржана на лекување - информираше Додевски портпарол на СВР Велес.

Вчера утро околу 7,30 ч. куче бездомник каснало жител на село Црквино. Според оштениот Сафет Јаворовац (51 год) бил каснат  кога одел во поле а кучето го нападнало и каснало во рака. По ова тој побарал лекарска помош во Болница, каде добил неопходни лекарства.  Случајот беше потврден од СВР Велес.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »