речник контакт

Работник паднал од бандера и починал

Инцидентот се случил на патот Неготино - Дисан

Петар Печков

Работник кој работел на бандера, паднал и починал. Настанот се случил во близина на Неготино, на патот кон село Дисан. Основното јавно обвинителство до Кавадарци со информации за настанот, кој имал смртни последици.

„При преземање работни активности на бандера за електрична енергија, по пад од корпа на висина од 5 метри, почина 61-годишен работник од Неготино. На увидот беше присутен и инспектор од Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика кој ќе изврши анализа на работното досие на починатиот работник и ќе го проследи до Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со извештај за утврдената состојба во поглед на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа“- соопштија од ОЈО Кавадарци. .

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Во тек е предистражна постапка за утврдување на причините за несреќата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »