речник контакт

Работник паднал од висина додека работел и се здобил со тешки телесни повреди

Поради тежината на повредите, лицето е префрлено на ТОАРИЛУЦ Скопје

Петар Печков

Вторникот велешанец паднал од висина, додека работел и се здобил со тешки лесни повреди. Поради тоа бил префрлен нa клиники во Скопје.

„На 28-ми септември, во Полициската станица Велес било пријавено дека О.И.(44 год ) од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, додека извршувал работни задачи на објект во Велес за фирмата во која бил вработен“- соопштија од МВР.

Бил извршен увид на местото, а за настанот бил известен и Трудов инспектор.

„Лицето се здобило со тешки телесни повреди, фрактура на десна подлактица  и повреда на вратни и торакални прешлени.  Поради тежината на повредите истото е препратено на ТОАРИЛУЦ Скопје за доиследување и лекување“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол нa велшка Болница.

МВР не соопшти која е фирмата и во кој термин се случил инцидентот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »