речник контакт

Работник паднал од скеле во фабриката Ронтис

М.К. поради тежината на повредите е итно пренесен во Ургентен во Скопје

Петар Печков

Претпладнево  во фабриката ,,Ронтис,, се случил  инцидент кога вработен  од фирма која изведувала градежни работи,  паднал од скеле,по што се здобил со тешки телесни повреди.  Случајот е предаден на трудова инспекција.  М.К. (48 год)  поради тежината на повредите е префрлен во Скопје.

Претпладнево околу 9ч. добиен е телефонски повик од доктор на Итната помош за  случен инцидент  во кругот на фабриката ,,Ронтис,, во населбата Превалец.  Лицето М.К. паднало од скеле додека работело на височина од неколку метри. За настанот информирана е трудовата инспекција - изјавија од  МВР.  

Велешката полиција во отсуство на  нивниот портпарол, немаше никој кој ќе информира за настанот. М.К со возило на Итната помош веднаш бил префрлен во хируршкото одделение во Општата Болница Велес, од каде по извршените претраги а поради тежината на повредите  на главата,   веднаш  е пренесен  во Ургентен Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »