речник контакт

Работник се повредил на работно место, завршил на трауматологија во Скопје

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за инцидентот

Петар Печков

Понеделникот попладне, работник  се повредил додека извршувал работна обврска. По дадената здравствена нега префрлен е на клиника во Скопје.

„На 05 февруари  во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Г.В.(55 год) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15.30 часот при извршување работни задачи во фирма во Велес“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„Во попладневните часови, вчера донесен е повредено лица и по извршените радиодијагностички  претраги, дадена му е неопходна здравствена помош. Поради специфичноста на повредите во придружба на здравствен персонал  префрлен е на Трауматологија во Скопје“ - кажа Марина Андова, портпарола нa Општа болница Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за повредата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »