речник контакт

Работничката партија се припои кон Народното движење на Македонија

Цел обединување и окрепнување на партиите, за нов политички избор во земјава

Петар Печков

Работничката партија со седиште во Велес на прес конференција објави дека преминува во Народно движење за Македонија.  Нејзиниот лидер, Панче Жежовски  објасни зошто  тој и раководството на  партијата  се решиле на овој чекор.

Се решивме за политичко окрпунување и се одлучивме дека е најприфатливо за НДМ, партија која не е компромитирана и е блиска до нашите идеолошки и програмски определби, кои се  скори исти .Наша заложба беше напредок на работниците и сметаме дека своите идеи може да ги реализираме единствено во НДМ, партија која секогаш била на првата линија  во одбрана на националните интереси – рече Панче Жежовски лидер на Работничката партија.  

Тој ги повика членовите и симпатизерите   на партијата  да се приклучат кон Народното движење за Македонија и заедно  да придонесат за подобар и безгрижен живот, како и напредок во сите сфери на живеењето. Оваа одлука ја донело раководството на Работничката партија. Неа ја поздрави лидерот на НДМ, кој изрази надеж дека овој чин ќе биде прифатен од сите прогресивни и патриотски  сили во земјава.

Сведоци сме дека во 25 годишната парламентарна историја на Македонија не и оди  добро менувањето на власта од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кое не менува ништо. Со овој чекор, денес дојде до најпосакуваното нешто за народот и државата. Обединување на социјалното и националното што гарантира благосостојба на социјален  план  и заштита и безбедност на  граѓаните и државата. Со ова продолжува  процесот ан разбивање на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кој го започнавме решително, храбро и во интерес на народот -   изјави Јанко Бачев лидер на НДМ.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »