речник контакт

Работничкиот универзитет ќе продолжи со работа во зградата на поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот

Целта е да може институција да продолжи со работа

Петар Печков

Советот на Општина Велс  одлучи времено да се дадат на користење три простории од поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов џинот. Ова е со цел да може  Работничкиот универзитет „Благој Страчковски“ непречено да ги продолжи неговите тековни активности. 

Точката беше ставена како итна на последната 18-та седница, по барање на градоначалникот Марко Колев и беше едногласно усвоена.  Советникот Коста Нојков имаше забелешка во де

„Добро е што ќе дадеме простории каде Работничкиот Универзитет ќе може да продолжи со неговите работни  активности. Но сметам дека во одлуката треба да се вметне и член со која инвеститорот на куќата, која при рушењето го сруши и дел до Работничкиот ќе биде задолжен да плаќа месечна наемнина. Тоа е негова обврска најмалку за тоа што го стори со зградата“ - рече Нојков.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »