речник контакт

Работодавците од Бока Которска нудат работа во хотели, ресторани, трговија и сообраќај

Анкетираните работодавци во текот на сезоната планираат да вработат 1.030 сезонски работници, најмногу во хотелите и рестораните во трговијата и сообраќајот

Петар Печков



Анкетата на работодавците е седмо по ред годишно истражување со кое Заводот за вработување ги консултира работодавците за различни аспекти на работна сила, посебно за вработеноста, вработувањето, вишокот на работна сила, дефицитарни кадри, образование и обука.

Собраните податоци и нивната анализа е една од насоките за формирање на мерки и програми на активната политика за вработување. Последното истражување во Бока Которска реализирано е по примерот од 292 стопански здруженија, што е 5,9 отсто работодавци од базата на заводот, а вработуваат околу 60 отсто од вкупно вработените во регионот. Во текот на анкетирањето ангажирани беа девет лица од евиденцијата на невработените кои ја поминаа обуката за спроведување на овој вид на собирање на податоци.

Кај анкетираните работодавци во Бока Которска биле вработени 11.155 работници и тоа во Херцег Нови 6.103, во Котор 3.297 и во Тиват 1755 работници. Доминира вработување на неопределено време – 77,5 отсто.



Анкетираните работодавци издвоиле 41 струка како дефицитарни. Споредувајќи ги податоците од претходните години бројот на дефицитарните струки се намалува, токму поради организираните обуки на невработените, по кои многу работодавци ја добиваат потребна работна сила.


Анкетираните работодавци во текот на сезоната планираат да вработат 1.030 сезонски работници, најмногу во хотелите и рестораните во трговијата и сообраќајот. Во текот на цела година ќе вработат 1.316 работници во истите дејности. Истражувањето потврдува дека се повеќе вработувања има во секторот за услуги во однос на производните дејности.

Во претходните две години работодавците на овој регион вработиле девет, а предвидуваат можност за ангажирање на 17 лица со инвалидитет, со одредени субвенции. Работодавците укажаа поголема подготвеност за вработување на РАЕ популацијата и тоа не само неквалификуваните за нај едноставни физички работи, туку и за одредени струки, со повисоко ниво на образование.

Фалат лекари и професори

Карактерот на понудата и побарувачката е таков што може повеќе да се зборува за неусогласените желби на тие кои бараат работа и очекувањата кај работодавците, отколку за проблемот на дефицит на струки. Дефицитот на кадри во Бока Которска е само во неколку струки: професори по музичко, математика и доктори специјалисти и тоа само на кус рок. Образовниот систем, со релевантни стимуланси, може брзо да ја зголеми продукцијата на овие профили.

текстот е превземен од Побједа - Подгорица

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »