Петар Печков
Објавено: вторник, 28 јануари 2025
Основното јавно обвинителство Велес донело Наредба за запирање на истражната постапка, во случајот за смртта на жителот на Богомила, Раде. С. (60 год). Настанот се случи на 22 јануари 2023 година, кога велешкото обвинителство отвори истрага за убиство, во кое осомничен беше И.Г. (22 год).
„Бидејќи извештајот од извршената обдукција на починатиот на Институтот за судска медицина покажа дека тој починал од природна смрт како резултат на хипертрофична кардиомиопатија, која довела до прекин на работата на срцето, истражната постапка е запрена“ – одговорија од Јавното обвинителство на Македонија, на поставеното прашање од ТрМр.
Tweet |