речник контакт

Разбојништво во продавница, одземени 25 илјади денари

Разбојникот, кој бил прекриен со црн шал, со закана по животот на продавачката со нож, ги одзел парите и побегнал. Жената повредена на левата дланка

Петар Печков

Вторникот навечер, ограбена  е продавница во Велес, близу  хотелот Вила Зора. Сторителот со закана од нож  одзел 25 илјади денари и  побегнал.   СВР Велес излезе со информација за разбојништвото.

На ден 06.03.2018 год. околу 20.00 ч. на ул.„Димитар Влахов“  во Велес извршено е разбојништво во продавницата на ТП „Севдин“. Непознат сторител облечен во црна јакна со капуљача и црн шал преку лицето со нож во раката, влегол во продавницата и ја нападнал продавачката А. Д.(48) од Велес, и од касата одзел околу 25000 денари - пишува со писменото соопштение. При разбојништвото засега непознатиот сторител и нанел повреда на левата рака на продавачката. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по разбојникот се трага.

Пред некој ден беше извршена кражба во маркет во центарот на Велес, каде крадецот побегнал сосе касата и парите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »