речник контакт

Разбојништво во продавница на Којник

Од вработената бил одземен дневниот промет

Петар Печков

Вчеравечер во продавница на плоштад  Којник, лице со закана по живот од вработена, го одзело дневниот промет. СВР со детали за разбојништвото.

 „На 12-ти октомври  во 21.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во продавница на ,,Плоштад Којник“ во Велес едно лице со закана од вработената  одзело пари од дневниот промет“ - соопшти Верољуб Додески, портпарол ан СВР Велес.

Полицијата  вели дека  работи на расчистување на случајот.

Претходно во истиот маркет, лани на 25-ти октомври исто така беше извршено разбојништво а сторителот не е пронајден.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »