речник контакт

Разбојништво на бензинска пумпа во Нова населба

Ова е второ разбојништво во Велес за десетина дена, првото беше во маркет. И во двата случаи разбојникот се заканил со пиштол

Петар Печков

Вчера утро е ограбена бензинска пумпа во новиот дел од градот. Разбојник под закана од пиштол одзел пари и побегнал. Полицијата со информации за настанот.

На 02- ноември  околу 05.30 чaсот во СВР Велес било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес едно лице со закана од вработениот Ѓ.Ц. (29 год) ги одзело парите од дневниот промет - соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР ВЕлес. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Ова е второ разбојништво за десетина дена во Велес. Неделата вечер на плоштад Којник беше ограбен маркет, откако сторителот со закана со пиштол, по   живот на вработената ги одзел парите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »