речник контакт

Разврската за убиството во Ореше, никако да започне

Обвинетиот Петровски дека е нaрачател на убиството, нема документација за што е испорачан во Македонија

Петар Печков

 За прв пат заедно,  во Основниот суд во Велес, по три години судење, седнаа заедно тројцата обвинети за убиството во селото Ореше велешко. Браќата Ордан и Љупчо Георгиевски кои во притвор беа повеќе од две и пол години, сега се бранат од слобода,  додека Петровски летово беше испорачан од САД и тој прв пат седна на обвинителната клупа. Но судењето не ни започна, по забелешката на адвокатот на Петровски, дека нема никаков документ со кој тој е донесен во Македонија.

Не се исполнети законските услови за почеток на судењето, бидејќи нема решение за екстрадиција. Ниту јас како адвокат, ниту судот имаат било каков документ и затоа не се исполнети законските претпоставки за главен процес. Ова е преседан во судството, некое лице да биде донесен а без да се знае зошто и за кое дело – изјави Коста Нојков адвокат на Петровски.

Судијата Илија Танев рече дека тие имаат  од Министерството за правда документ со кое информираат дека обвинетиот е екстрадиран и толку. Кривичниот судски совет се повлече и по десетина минути консултации објаснија дека барањето на адвокатот Нојков  го прифатија,дека е  во ред и закажаа ново рочиште кон крајот на октомври.

Судијата потсети дека во текот на денот остварил неколку телефонски контакти со Македонскиот Интерпол, но и покрај ветувањата не добил никаков документ зошто Петровски е испорачан во Македонија. Ѓоре Петровски е обвинет за нарачател на убиството на старецот Љубе Милошевски ( 72 год) во велешкото село Ореше. Убиството се случи на 2-ти декември 2005-тата година, во вечерните часови 20,45 додека Лазо подготвувал вечера. Според обвинението тоа го сториле браќата Ордан и Љупчо Георгиевски за сума од 20 илјади долари.

Тие во два наврати за ова дело добија по 12 години затвор, но Апелација го враќаше на повторно судење. Причина што Петровски ги платил браќата, била одмазда, оти во 1995-та година некој пукал на  него, но и покрај тешките повреди на лицето, тој преживеал и подоцна заминал во САД. Двете досегашни пресуди се донесени врз основа на сведочењето на заштитениот сведок ,,Бреза,,, кој тврди дека Петровски прво од него побарал да го убие Милошевски а откако тој одбил, побарал да им ја однесе пушката на браќата Георгиевски, која била скриена во плевна во селото.

Со новите препораки од Апелација треба да се изврши реконструкција на убиството во Ореше, психијатриско вештачење и  за сите учесници, вклучувајќи го и сведокот ,,Бреза,, како и сите  да минат на детекторот на лаги.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »