речник контакт

Разгласот од Џамијата ги лути велешани

Бројни се поплаките на велешани од пеењето на оџата кое секојдневно се слуша од Фазли Ахмет Паша Џамијата кај велешани позната како Црна Џамија.

Петар Печков

Пет пати на ден во 13, 15, 17, 20 и 22 часот звукот од минарето е голем проблем за десетина илјади жители на стариот дел од градот. Ваквата состојба била присутна со доаѓањето на новиот оџа, кој сменил многу работи при работата. На ова реагираат велешани  и од  спротивната страна на Вардар, Долни Дуќани, Мегдан, Којник каде звукот бил исто така силен, бидејќи за да се слушаат молитвите се вовел и  се употребува  разглас и звучник.

Откако дојде  новиот оџа, се се смени а нас најмногу ни пречи гласната молитва за што се употребува звучник кој се постави на минарето. Ова е неподносливо, по шест пати на ден, нема одмор, нема сон. И децата почнаа да доживуваат трауми, поради што неколку пати реагиравме до оџата но ништо не се промени. Не станува збор за верска нетрпеливост, бидејќи тука живееме со години. Имавме одлични релации со сите претходни муслимански свештени лица, постарите лица од овој дел сите знаат турски, така што реакцијата не е поврзана со некаква нетолеранција, напротив со желба да продолжат односите какви што беа до пред неколку месеци – велат жителите од соседството.

Тие посочуваат новиот оџа избегнувал да се ракува со жените од маалото, иако дотогаш вакво нешто, со децении, се немало случено. Заради враќање на некогашниот мир, тие потпишале петиција и ја доставиле до локалните власти а проблемот со прегласната молитва го актуелизираше и советникот Панче Иванов кој бара одговор што  државата превзема за да се надмине ваквата состојба,  но одговор нема. Велешкиот оџа објаснува дека се што вовел како новина е во согласност на македонските закони и  џамискиот одбор.

Оваа џамија како централна во градот има законска можност да ги врши овие обреди преку разглас и тука нема ништо спорно. Ние како наш гест на добрата волја, првата во 4,45 не ја емитуваме преку разгласот, така што нема место за таква реакција од велешани. Звучникот го поставивме заради бројните муслимани кои живеат во горниот дел на десната страна на градот. И тие реагираат на гласното чукање на ѕвоното од црквата, кое се слуша надалеку, но никој не превзема ништо – изјави  оџата Несим Демири.

Тој дојде на местото од Бесими Абдули  пред една година, по  жестоките внатрешните пресметки во ИВЗ во Велес, кога дел од верниците се бунтуваа против Абдули, по што го доби ново работно место, оџа во велешко Горно Оризари а Демири кој завршил високо образование во Саудиска Арабија, дојде да служи во  Велес, во  Фазли Ахмет Паша Џамијата, кај велешани попозната како Црна Џамија. Но сега муслиманските верници од турска националност, кои беа најгласни при промената на оџите,  се чувствуваат изиграни со поставувањето на Демири, бидејќи не е тоа што очекувале со неговото доаѓање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »