речник контакт

Разговарате со нас, прашувајте, така ќе се надминат табуата со лицата со попреченост, порачаа тие

Роза Мојсовска има проблем со рацете, па црта со уста. Баира Салифовска е слепа, но трча полумаратон, истрча 21 км.

Петар Печков

Ако не знаете прашајте, ако сакате да дознаете разговарајте со нас. Ова е порака на лицата со
попреченост, за рушење на табуата. Ова беше кажано на националната конференција на жените со попреченост и жените од рурални средини, одржана во Велес.

На неа се слушнаа многу животни приказни, посветени на жената и нејзите права а во пресрет ан 8 март. Роза Мојсовска, ликовен уметник е лице со попреченост. Таа овој ден 8 март, денот на жената го
помни и за нејзе е од посебно значење.

„На овој ден пред многу години, како седумгодишно дете бев во Белград на операција. И додека седев таму во болница, како дете кое сака да го освојува светот, започнав да сликам. Ја земав четкичката со уста и започнав да цртам, оти со рацете не можам. И тоа денес е мојата животна преокупација“ – вели Роза. Животот не ја милувал, но таа ги руши бариерите.

„Не можев да се школувам како другите деца, морав да одам во Заводот за заштита и рехабилитација. Бев одвоена од ммногу луѓе, блиски, не можев да имам друштво, да се шетам, бидејќи тоа каде таму бев е село. Секој човек е потенцијален инвалид, никој не знае
што животот носи, но потребна е силна војла да се издигне од состојбата. И ние можеме да работиме, без оглед какви сме“ – рече Мојсовска.

Таа е задволна бидејќи животот и се променил на подобро, добила стан, има и лични асистенти, кои и помагаат секојдневните обврски. Има и изложби низ земјава, каде и лично присуствува на отворањето.
На лицата со попреченост потребен им е посилен пристап до образование, здравство, вработување и не сме во нивните чевли за да знаеме каков им е животот.

Посочуваат дека кога одат на лекар не можат да остварат комуникација со какви здравствени проблеми се соочуваат. Кога одат во банка се судруват повторно со проблеми на комуникација со вработените.

„Секој од нас се соочува со проблеми, предизвик, дали е лице со попреченост или не. Инфраструктура е лоша, лоша е за сите не само за мене, немало пристап, нема си сите не само за мене. За мене предизвик е да летам со параглајдер. Потребна е едукација за лицата од
административните, државни институции, лекари, банкари, со кои комуницаме, како да остварат контакт со нас, лицата со попреченост“ – кажа Баира Салифовска, која има проблеми со видот.

„Потребна е социјализација и интеграција, дружење на лицата со попреченост и без попреченост. Само така можеме да се научиме меѓу себе, едни со други. Мене задоволство ми е кога со мојот личен асистент истрчавме 21 км на трка“- додава Салифовска.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »