речник контакт

Различни правила за зимската опрема во Европа

Во престрет на 15-ти ноември. Во Европа не постојат единствени правила за обавезната зимска опрема. Во некои земји со закон е пропишано патничките возила да имаат зимски гуми, додека во други тоа не е случај

Петар Печков

Во Европа не постојат единствени правила за задолжителна зимска опрема, бидејќи во некои земји со закон е пропишано патничките возила да имаат зимски гуми, додека во други тоа не е случај.

На пример, во Германија, Словачка и Австрија со закон е предвидено учесниците во сообраќајот да имаат зимски гуми во зимски услови на патиштата.

Во Италија и Унгарија зимската опрема може да се наложи краткорочно со поставување на знаци.

Во Германија и Австрија возачот има законска обврска своето возило да го прилагоди на условите на патот во текот на зимата. Тоа значи дека мора да користи зимски гуми во случај на снег или мраз на патот.

Во Австрија за таа обврска постои со закон определен рок од 1 ноември до 15 април, додека во Германија временски период не е определен, туку зимската опрема се бара за зимски услови на возење.

Во Германија дополнително возачите се должни да имаат антифриз во системот за миење на ветробранското стакло, а ако не ја почитуваат оваа обврска им следува казна од 20 евра.

Според австрискиот закон, патничките возила и камиони до 3,5 тони мора да имаат зимски гуми ако врне снег или на патот има мраз.

Како алтернатива, законот предвидува синџири на погонските тркала, но само ако патниот правец во целост е прекриен со снег или мраз.

За непочитување на оваа обврска со закон е предвидена казна од 35 евра, а ако поради непоседување на зимска опрема се загрозуваат другите учесници во сообраќајот казната може да изнесува до 5.000 евра.

Ако возачот не користи зимска опрема во зимски услови, а направи штета, осигурувањето не ги презема трошоците и кај каско осигурувањата.

Според законот, зимски гуми се тие кои имаат назнака „М+С“, т.е. мора да имаат длабочина на шарките од најмалку четири милиметри.

За товарните возила над 3,5 тони и автобусите важи постојана обврска за носење на зимска опрема, т.е. дури и кога нема снег и мраз на патот.

Кога се работи за синџири, во Германија тие се дозволени, но со ограничена брзина од 50 километри на час. Во планинските предели ланците се обавезни ако на патот се поставени знаци кои предупредуваат на тоа.

Гумите со клинци, за разлика од Австрија, не се дозволени во Германија.

Во Данска не постои општа обврска за користење на зимска опрема, а за гуми со клинци определен е период од 1 ноември до 15 април, кога смеат да се користат и тие мора да бидат монтирани на сите четири тркала.

Во Финска постои законска обврска за користење на зимски гуми, која важи и за возила регистрирани во странство, во период од 1 декември до крајот на февруари.

Во Норвешка не постои со закон определена обврска за користење на зимски гуми, но постои препорака тие да бидат монтирани на сите четири тркала.

Во Шведска пак, од 1 декември до 31 март сите патнички возила до 3,5 тони мора да имаат зимски гуми, чиј профил не смее да бие под 3 милиметри.

Ако на патиштата нема снег и мраз, со одобрение на полицијата, може да се вози и со летни гуми, но профилот мора да биде најмалку 5 милиметри и тоа правило важи само за возила регистрирани во Шведска.

Во Франција не постои општа обврска за користење на зимска опрема, но зимските гуми можат да се бараат на планинските патишта во случај на голем снег.

Во Италија зимски гуми се пропишуваат за некои делници од патната мрежа и тоа во одредени периоди и во одредени услови на патиштата. Така на пример, во долината Аоста постои обврска за користење на зимски гуми во период од 15 октомври до 15 април.

Во Холандија не постои општа обврска за користење на зимски гуми и забрането е да се користат гуми со клинци, додека и за синџирите е предвидено да можат да се користат само на улици кои во целост се покриени со снег.

Во Швајцарија не постои општа обврска за користење на зимски гуми, но постои препорака да се користат во случај ако на патот има снег или мраз. Ако возилото, поради некористење на зимска опрема го блокира патот во зимски услови, полицијата може да наплати казна.

Исто така и во случај на предизвикување на сообраќајна незгода во зимски услови на возење без соодветна опрема, возачот може да сноси одговорност.

Во Унгарија исто така не постои законска обврска за користење на зимски гуми. Меѓутоа, во зимски услови на патиштата властите имаат право од возачот да побараат користење на зимски гуми, како и ланци, а тоа важи и за возила регистрирани во странство.

Во Словенија постои обврска за користење на зимски гуми во период од 15 ноември до 15 март, како и во зимски услови на патот.

Поради различните закони и правила во сообраќајот на ниво на ЕУ, авто-мото клубовите покренаа иницијатива за усогласување на сообраќајните прописи во врска со опремата во возилата која е обавезна, почнувајќи од првата помош, па се до зимската опрема.

Истражуаше Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »