речник контакт

Рак на панкреас

Ризик фактори за рак на панкреас, симптоми, како да се спречи ракот на панкреасот?

Петар Печков

Ноември е месец во кој зборуваме, како за ракот на простата, така и за ракот на панкреас и ракот на белите дробови. Овие болести, почеста инциденца имаат кај припадниците на машкиот пол, иако се јавуваат и кај жени.

    Што е рак на панкреас?
Ракот на панкреас е малигно заболување кое ги напаѓа клетките на панкреасот. Најчесто ги зафаќа клетките кои ги обложуваат патиштата кои учествуваат во преносот на дигестивните ензими надвор од панкреасот, односно најчест тип е дукталниот аденокарцином. Оваа болест е многу тешка и сериозна, а лош прогностички фактор е што појавувањето на симптомите најчесто се случува кога болеста е во напредната фаза.

      Ризик фактори за рак на панкреас
-Пушење – Како и кај ракот на белите дробови, пушењето сериозно влијае врз развивањето на ракот на панкреасот.
-Позитивна фамилијарна анамнеза
-Возраст – Лицата во понапредната возраст имаат зголемен ризик за развивање на рак на панкреас.
-Дијабет
-Хроничен панкреатитис – Тоа е хронично воспалително заболување кое го зафаќа панкреасот
-Алкохолизам
-Дебелина

       Симптоми на ракот на панкреас:
-Абдоминална болка
-Намален апетит
-Пожолтување на кожата
-Темна боја на урината
-Чешање на кожата
-Замор
-Појавување на дијабет во понапредна возраст или влошување на веќе постоечки
-Светло обоена столица

        Како да се спречи ракот на панкреасот?
-Избегнување и прекинување на пушење
-Здрав начин на живот, здрава исхрана, редовно вежбање
-Редовни контроли кај лица со позитивна фамилијарна анамнеза

 Состојбата со овие болести во Република Северна Македонија

Bо 2020 година вкупно 191 лица починале од рак на панкреас. Од тие 104 биле мажи, а 87 биле жени. Од 191 починати 1 бил на возраст од 25-34 години, 7 на возраст од 35-44 години, 11 на возраст од 45-54 години, 41 на возраст од 55-64 години, 75 на возраст од 65-74 години и 56 на возраст на 75 години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »