речник контакт

Раковски победи на Велес Опен, во втор пат

Тој во финалето го совлада Џајков со 2:1

Петар Печков

Истовремено со Грен слем УС Опен се играше и тенискиот Велс Опен. Дури се случи и финалето да се игра во ист ден понеделник. Се разбира далеку од светскиот тенис, во Велс се собраа најдобрите тенисери од градот 12 во сениорска конкуренција а  петтиот победник е  младиот Филип Раковски. Тој во двоиполчасовна борба го совлада Баже Џајков со 2:1 ( 7:5, 4:6, 4:6).

На Ракометното игралиште каде се играше турнирот, по исцрпувачки три сета младоста на Раковски беше предноста која го реши победникот и тој го доби пехарот за освоеното прво место. Трети беа Тоше Темелков и Ѓоре Зафиров. Интересно е што во полуфиналето беа сите досегашни победници на Велес опен, па извесно беше дека некој ќе се радува по втор пат.  Таму Раковски го победи  Зафиров , а Џајков славеше над Темелков со идентичен резултат 2:0.

Организатор на турнирот беше тенискиот клуб Борец, кој се надева дека следната година конечно турнирот ќе се игра на тениски терен, оти Велес има и тенисери и тениски клуб ама не и терен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »