речник контакт

Ракометарите и фудбалерките поразени

Димитриевски го засили ГРК Борец, викендов започнуваат одбојкарите

Петар Печков

Нов пораз за ракометарите на ГРК Борец, овој пат од екипата на Прилеп 2010. На гостувањето во Прилеп, велешани загубија со 33:30, полувреме 16:13. Домаќините биле постојано во водство во сите 60 минути, го контролирале резултатот и на крајот стигнаа до нови три бода за четврто место на табелата. Андоновски кај ГРК Борец постигнал 9 гола.  Велешани остануваат во долниот дел, осми со пет бодови. Во следното коло на 12 ноември ГРК Борец а го пречекува тимот на Пролет 62 од Скопје кој е седми но има 13 бода.

Како нов ракометар, засилување  во матичниот клуб се врати Дарко Димитриевски, кој имаше и интернационална кариера а повремено беше  и на поширокиот список на репрезентативци. Тој  игра на позицијата среден и лев бек, а на средбата во Прилеп постигна шест гола.  

По двонеделна пауза поради репрезентативно обврски, продолжи првенството во Првата женска фудбалска лига. Екипата на Борец во Дојран загуби со високи 6:1 од Истатов, кој го дели првото место од табелата.  По ова петто коло ЖФК Борец е четврти  со шест бодови. Во следното коло, повторно гостување и тоа повторно на лидерот на табелата  Драгон од Битола.  

 Од следниот викенд започнува и одбојкарското  првенство, каде по неколку годишна пауза се враќа велешки ГОК Борец. И тоа во дерби против првакот  Шутова. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »