речник контакт

Ракометарите на Борец во штрајк, бараат управа и плата

Градоначалникот најави правна разрешница и одблокирање на работата во ГРК Борец

Петар Печков

Ракометарите на ГРК  Борец започна штрајк. На овој начин тие реагираат на   состојбата  во клубот а посочуваат дека проблем е што  немаат управа и не биле  исплатени платите за  октомври.   До ова дошло по  промената  на локалната власт, оти клубот е под управа на општинската управа. 

Немаме комуникација со општината, оставени  сме сами на себе. Така функционираме еден  месец. Приморани сме  на   овој   начин,  на  прес   конференција да  ги  кажеме нашите проблеми. Заради јавноста да кажам дека има и други општински клубови , како Борец кои функционираат сега и подобро од претходно. Такви се случаите со  Охрид, Пелистер, Радовиш, Прилеп Ние стоиме во место. Во  ек на натпреварувачка сезона немаме превоз  за екипата, пари за судиите. Штета ќе биде за клубот,  оти создадовме подмладок кадети и младинци    -рече   Васко Василев  тренер   на   клубот.  

На прес конференцијата  присуствуваа сите   18  ракометари, кои  се со договор дел од клубот.  Во нивно  име  се  обрати капитенот Ивица Илиев.   

Клубот е  општински, бидејќи е формиран  од  Советот на Општината. Имавме состанок со претставници на локалната власт, со  претседавачот Душко Петров. Ни кажаа дека Општината  има долгови, Буџетот од 5 милиони денари предвиден за до година  е превисок и ќе изнесува 500 илјади денари. Потоа дознавме дека  ќе биде  зголемен на 1,5 милиони денари. Со годинашниов Буџет треба да функционираме  до крајот на годинава, до декември. Старата управа била разрешена, а нова  нема именувано.    Сите имаме валидни договори, но веќе не е исплатена  платата за октомври, немаме управа со кого  ќе разговараме. Одигравме четири натпревари поради навивачите и  градот. Повеќе не можеме да чекаме и затоа од вечерва не тренираме.  Нека дојде управа и да знаеме кој останува кој  си  оди, да бидеме на чисто.80 отсто од играчите живееме од ракометот . Чекаме како  и што натаму – рече Ивица Илиев капитен на екипата.  

Со став за состојбата во ракометниот  клуб Борец се огласи и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.   Најави дека се преземат правни работи за да се  деблокира работата на клубот.  

Свесен сум за настанатата ситуација и проблемите со кои се соочуваат сите во клубот. Токму затоа веќе започнавме со правна процедура за итно решавање на состојбите во интерес на спортистите и останатите лица во клубот. Заедно со членови на Советот на Општина Велес согласно правните лекови кои ги имаме на располагање ќе побараме свикување на вонредно собрание на акционерското друштво, за преземање на итни активности за формирање на органите на акционерското друштво. Нашата администрација веќе ги подготвува документите за сите активности да бидат превземени на наредната седница на Советот на Општина Велес закажана за 27-ми Ноември. На седницата ќе бидат донесени сите клучни одлуки кои ќе ја деблокираат работата на клубот во правен контекст - порача Коцевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »