речник контакт

Ракометарите на Борец за опстанок во Супер лига во Прилеп

Фудбалерите на Бабуна за Трета лига во Росоман

Петар Печков

 Ракометарите на ГРК Борец решавачкиот натпревар за  опстанок во Супер лигата ќе го  играат в недела во 18ч. Во Прилеп. Така одлучи РФМ а противник ан велешани е составот на Вардар 2, кој беше второ пласиран во првата лига.  Минатата година преку ист ваков натпревар, бараж Борец влезе во најквалитетното друштво а сега за опстанок во  него ќе се бори на  ист начин. За составот  на велешани  ќе настапи и Ивица Лазаревски, кој беше на  поширокиот  состав на селекторот Червар за македонската селекција  но отпадна. Ова ќе му биде проштален  натпревар оти од есен ќе игра за битолска Пелистер. Управата во  меѓувреме разговара со две  потенцијални за силувања, велешани кои играат во екипи од други градови.

 Пласман за Трета фудбалска лига Југ ќе брка екипата  на Бабуна од Мартолци. Тие в  сабота во Росоман од 17ч. Ќе играат против екипата на Напредок од Прилепско. Ако победат мартолчани по една година повторно ќе се вратат во старото друштво. Таму веќе  влегоа фудбалерите на Гемиџии со победа токму против составот на Напредок. Ова е втора шанса за Бабуна, откако првата на ја искористија , загубија на пенали  12:11 од Росоман. Во третата лига Југ, играат и Превалец и Борец а  од есен оваа лига бори 16 екипи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »