речник контакт

Ракометарите на Борец повторно суперлигаши

Со победата над екипата на Ринија од 32:31, екипата на Борец е повторно супер лигаш.

Петар Печков


Во израмнет и нервозен натпревар велешани стигнаа до победа со која се враќаат во најквалитетното ракометно натпреварување. Илиев, Крстевски, Трчков, Стојановски беа творците на нов успех на велешкиот спорт, во годината кога се одбележува 60 години од ракометот во градот.

На саботниот натпревар во Скопје имало и заткулисни игри, па домаќините,  кои според пласманот се далеку послаба екипа, сакале да победат по секоја цена, па во еден момент го нападнела судијата, и велешани морале до дома да се враќаат во полициска придружба.

Веста за успехот низ велешките улици ја пренесоа навивачката група ,,Гемиџии,, кои го прославија овој успех заедно со ракометарите во Скопје. Честитки за велешките ракометари и враќањето во супер лигата по пауза од една година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »