Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 септември 2015
Иако на крајот оствари победи со еден, екипaтa на Борец одиграа добaр натпревaр пред својата публика против Металург 2. Taкa продолжија доминацијата на домашните тимови во првото коло од Суперлигата.
Во салата „Гемиџии“ во Велес, Металург 2 подобро го отвори натпреварот и рано стигна 4 гола предност (5-1). Се играше генерално гол-за-гол во продолжението, но последните минути од првото полувреме комплетно му припаднаа на Борец кој со серија од 8-1 направи пресврт и на пауза замина со водство од 15-12. Велешани продолжија со добрата серија и на почетокот на второто полувреме, кога стигнаа до највисоки 5 гола разлика, па и покрај тоа што Металург 2 се приближи на момент на 22-20, Борец повторно успеа да се одлепи и да поведе со 27-23. Во завршницата гостинот од Скопје постигна 3 гола во низа со што само го намали поразот за конечни 27-26 за ГРК Борец.
Ѓорѓи Куциновски со 7 голови беше најпрецизен во победничкиот тим на домаќините, каде по 5 гола дополнија Зоран Стојановски и Љупчо Игнов. Кај Металург 2, Мице Шилегов реализираше 6 голови, а Марио Танковски и Димитар Димитровски постигнаа по 5.
Во третата лига Југ, велешките екипи постигнаа победа и реми. Борец 1919 на Градски со убедливи 4:0 го совлада Тиквеш 2014 од Кавадарци. По ова победа Борец е 4-ти со 7 бода и 14:2 гол разлика. Превалец на гостувањето во Прилеп кај Млекар одигра нерешено 1:1. Така Превалец е 6-ти со 5 бода и 4:4. Следно петто коло Превалец - Дојранско езеро(втор со три победи ) и Зорбас Победа од Мрзенци ( осми со една победа) - Борец 1919. Се играат в недела од 15,30ч.
Tweet |