речник контакт

Ракометарите на Борец стартуваа со победа на домашен терен во Супер лигата

Борец – Битола 30:23 (12:10)

Петар Печков

Очекувана  победа за велешани од стартот на Супер лигата, во натпревар во кој постојано беа во водство. Стартот беше  фуриозен за домаќините кои во  десеттата минута поведоа со 6:1, за во финишот битолчани се заканат и намалат на 11:10 -29 минута. Второто полувреме Борец почна силовито и полека создаваше разлика,   го кршеше  отпорот на  ракометарите на Битола - 43 минута 22:15.

Решавачката предност велешани ја создадоа благодарејќи на одличните одбрани на голманот Кирил Колев,  кој  во овој период одбрани два седмерци и пет топки, што беше доволно неговите соиграчи во контра да бидат прецизни и ја создадат најголемата предност, која ја одржуваа до крајот на натпреварот.

Ваквиот развој на играта, овозможи тренерот Чакарески да им даде шанса на двајца јуниори  Мачавелов и Костески да одиграат и покажат дел од нивниот талент.  Кај Борец Шалевски со 6,  Димитриевски и Лазов со по 5 беа креаторите на победата, додека Унчевски со 8 и Бојчевски со 6  гола, го понесоа товарот кај гостинската екипа.

Седмерци:  Борец 2/2  Битола 1/3   исклучувања Борец  16 минути   Битола  12  сала Гемиџии гледачи 200

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »