Петар Печков
Објавено: недела, 06 април 2025
Ракометарите на РК Фруитленд забележаа важна победа во второто коло од разигрувањето за опстанок во Супер лигата. Го совладаа РК Радовиш со 31:24 (15:9). Натпревар во кој велешани доминираа и прокнижија два бода, па имаат три, еден по пласман, и го делат 4/5 место со РК Струга. Следното коло играат во Скопје, против РК Пролет кој е втор со 5 бода. Во оваа мини лига за опстанок играат 6 екипи.
ФК Борец во 23 коло победи против составот на десетто пласираниот ФК Кожуф со 2:1 (0:0), откако претходно загуби два важни натпревари во директните дуели со конкурентите за опстанок, па оваа радост нема големо значење,освен за спортска прогноза, па велешани остануваат претпоследни со 13 бода. Следното коло ФК Борец гостува во Радовиш кај 8 пласираниот тим на ФК Детонит Плачковица со 33 бода.
Во локалното дерби на Третата фудбалска лига Југ, но и дерби по пласманот на второ и трето пласираните екипи на ФК Превалец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште, победа за домаќините од 4:2 (1:1). По оваа победа ФК Превалец е втор со 35 бода а ФК Башкими трет со 32. Во следното коло ФК Превалец гостува кај 5-то пласираниот ФК Венес во Долни Дисан неготинско, кој има 28 бода а ФК Башкими е слободен.
Во Втората женска фудбалска лига ЖФК Борец кој е последнопласиран загуби во Кочани од ФК Кочани со 11:1 Велешанки имаат еден бод, но и казна одземени три од 4 освоени бодови. Во следното коло во Велес гостува ЖФК Плачковица од Радовиш, која е 5-та со 13 бода.
Се одигра и второто пролетно коло на Општинската фудбалска лига Велес. Се одиграа две средби откако и ФК Чашка го напушти натпреаварувањето, се откажа па во лигата останаа седум екпи. Играа ФК Форца Нова – ФК Тополка 1:2 и ФК Горски – ФК Младост 2:0. Слободни беа ФК Локомотива, ФК Врановци и ФК Бузлакова. Во следното коло играат ФК Локомотива – ФК Горски и ФК Бузалкова – ФК Форце нова. Слободни се ФК Младост, ФК Тополка и ФК Врановци.
По ова 11 коло лидер е ФК Тополка со 22 бода, пред ФК Горски со 20 и ФК Локомотива со 15 бода од 8 натпреври. ФК Врановци има 11 од 7 натпреври, ФК Форца нова 9 бода од 9 натпревари, ФК Бузалкова е 6 со 6 бода од 7 натпревари а ФК Младост има 4 од 9 нaтпревари.
На три екипи во ова коло, ФК Горски, ФК Младост и ФК Тополка,претседателот на ОФС Велес Трајче Шопов, заедно со ФФМ им подари по пет фудбалски топки со кој игра фудбалската репрезентација на Македонија.
Tweet |