речник контакт

Ракометарите поразени во Охрид

Одбојкарите на СОУ ,,Коле Неделковски,, трети во Македонија. По 15 кола во Општинската фудбалска лига, прва победа за екипата на Интернационал

Петар Печков

Ракометарите на Охрид  го победија велешки Борец во второто коло од плеј оф разигрувањето, со 34-31 (17-18) во салата  „Билјанини Извори“.   Домаќините повеле со  6-3 на стартот од првиот дел, но гостите со серија 5-1 го свртеа  резултатот  во своја полза резултатот и поведоа со 8-7. Голот предност ракометарите на Борец го задржаа до истекот на триесетте минути. Во вториот дел охридските ракометари добрата игра во одбрана и  нападот,  ја наградуваа за водство 29-23. Ваквата предност на семафорот им донесе на домаќините мирен финиш и рутинска победа. Илиев  со 9 гола е најефикасен кај велешани а Давитковски  постигнал 6, Димитриевски не настапил на ова средба.   Во следното коло, ГРК Борец дома игра со екипата на Еурофарм Работник од Битола. 

Одбојкарската екипа  на СОУ ,,Коле Неделковски од Велес е трета во Македонија на државното првенство  за средни училишта во машка конкуренција.  Во борбата за трето место младите одбојкари беа подобри со 2:0 од екипата на  СГГУ„Здравко Цветковски“ – Скопје. Додека првак е СОУ “Никола Карев“ – Струмица која со 3:0 ја победи  Спортската гимназија “ММ-Брицо“ – Скопје.  За екипата на ССОУ “Коле Неделковски “ Велес на ова државно првенство настапија: Филип Ајдаров 3-7 клас, Ѓоре Цветков 3-5 клас, Даниел Тодоровски, Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов од 2-6 клас, Драган Кимовски од 1-5 клас и двете засилувања Бојан Владов и Филип Кнапиќ а тренер беше професорот по физичко воспитување  Ангелче Гушев. Првенството се одржа во Прилеп во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески - Ричко“. На него учествуваат 6 екипи, освен горе набројаните и  од СОУ “Наум Наумовски -Борче“ од Крушево и домаќините од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп. За да стигнат до Прилеп одбојкарите на  СОУ ,,Коле Неделковски,, победија на општинските и регионалните натпревари.  

 

Во 15-тото коло  на Општинската фудбалска лига  постигнати се следните резултати:

Интернационал –Бирлик   3:0

Форца нова – Бабуна         1:2

Горски  - Мак. Сонце         1:5

Башкими – Илинден БС    1:2

Тополка – Младост            3:0

Слободна  беше екипата на Мартолци  

 

                  Т А Б Е Л А

1. Илинден БС                14   12  1  1    40:10   37

2. Бабуна                         13   11  0  2    50:12   33

3. Мартолци                   13    9  1  3    43:22    28

4. Форца Нова                14   8  1   5    33:24    25

5. Македонско сонце   14  8  0   6     43:33    24

6. Башкими                     14   7  1  6     28:26    22

7. Тополка                       14  5  1   8     31:37    16

8.  Бирлик                        14  4   1  9     32:44    13

9. Младост                      13  3   3  7     15:28    12

10. Горски                       14   2  1  11   18:52      7

11. Интернационал      13   1  0  13   15:64      3

 

Во 16- коло играат: 

ФК БАБУНА - ФК ТОПОЛКА

ФК МЛАДОСТ  - ФК ГОРСКИ

ФК МАКЕДОНСКО СОНЦЕ - ФК БАШКИМИ 2008

ФК ИЛИНДЕН БС - ФК Интернационал

ФК БИРЛИК - ФК МАРТОЛЦИ 2007

Слободна е екипата на Форца Нова 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »