речник контакт

Ракометарот Димов, ќе игра за словачка Шала

Младиот велешанец, кој играше за РК Вардар јуниор започнува меѓународна кариера

Петар Печков

Младиот велешанец,  Мартин Димов (21 год), ракометната кариера ја продолжува во Словачка, во тамошната Прва лига. Тој игра на позицијата десно крило и минатата сезона настапуваше за  екипата на Вардар Јуниор.

Во следната сезона Димов ќе игра за екипа  на Шала од истоимениот словачки град,, со која потпишал договор за една година кој што може да биде продолжен на уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

Димов потекнува од составот на РК Борец , а освен за Вардар Јуниор, настапи  и за Вардар на неколку натпревари во регионалната СЕХА лига. Има настапувано и за македонската  репрезентативна селекција до 18 години. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »