речник контакт

Ракометното дерби на полусезоната со РК Радовиш во Првата лига група „Б“, за РК Бисинов

Порази за футсал екипата на КМФ Кеги моби, на одбојкарите и кошаркарите, чии првенства завршија

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец со пораз го завршија  првиот дел од шампионатот на Првата лига. Загубија дома од лидерот екипата на ОК Струмица со максимални 0:3 По 11 одиграни кола имаат 4 победи и седум порази. Напролет велешани ќе играат во разигрувањето за опстанок во лигата, каде  ќе настапуваат шест екипи. Првенството продолжува во февруари. 

Заврши и првенството на Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби дома во салата Гемиџии загуби од КМФ Клими со 4:10 (1:6). По 9 одиграни кола, велешкиот прволигаш се најде на 6 место од 10 екипи, со 9 бодови, три победи и шест порази.  Пролетниот дел започнува на 10 февруари. Од клубот порачаа дека „оваа полусезона не може да се пофали со некаков успех поради слаби резултати. Во преодниот рок ќе се погрижиме да ја промениме ситуацијата за да не биде како моменталната“.

Во дербито на Првата ракометна лига, група „Б“ РК Бисинов го совладаа РК Радовиш, конкурентот за првото место со 26:25 (13:13). По оваа победа извесно е дека велешани ќе пренесат во новата фаза максимален број бодови. Натпреварот беше израмнет се играше гол за гол. Во последното есенско коло следниот викенд РК Бисинов гостува во Гевгелија на екипата на РК Партизан, која е последна. Напролет продолжуваат првите четири екипи од групата „А“ и групата „Б“  а прво пласираниот ќе игра во Супер лигата, која од есен ќе брои 12 екипи, 4 помалку отколку сега.   Постариот велешки лигаш МРК Борец загуби  во Скопје од екипата на РК Шампионат  51:14 (21:07) со што останува последен на табелата без освоен бод. Во последното есенско коло играат дома со екипата на РК Јехона од Гостивар која е трета со 9 победи и 4 порази.   

Во Втората кошаркарска лига екипата на КК Борец баскет со пораз го заврши есенскиот дел. Загуби во Тетово од КК Тетекс, кој имаше само една победа. Велешани загубија со  73:68 и по ова 11 коло имаат 16 бода и се на делба на 8 место , кое води во разигрувањето за пласман во Прва лига. Првенството продолжува на 27 јануари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »