речник контакт

Ракометот ги зближи Велес и Вараждин

Ова е чекор кон долго пријателство, сметаат градоначалниците на двата града. Пријателството започнато на СП во ракомет во Вараждин во 2009-тата се официијализира

Петар Печков

Градоначалниците на Велес и Вараждин Република Хрватска  го потпишаа документот за  разбирање, со што е започната процедурата за збратимување на овие два града. Унапредувањето и развојот на меѓу општинската соработка, а со тоа и создавање на нови можности за стопанска и културна соработка  дава денес потпишаниот документ меѓу двата града.

Приказната за оваа соработка започнала пред три години, кога градот Вараждин беше домаќин на група од Светското првенство во ракомет, во која настапуваше и Македонија. Воодушевени од македонските ракометари од македонските навивачи, вараждинци пријавиле желба да се збратимат и воспостават соработка со некој македонски град и по иницијатива на амбасадорот Марковски, роден велешанец, се решиле за Велес.

Задоволство ми е што по подолг период подготовка, го потпишавме овој документ, кој е прв во мојата градоначалничка работа. За секоја активност се потребни двајца, така што очекувам дека и Велес и Вараждин силно ќе се зафатат за воспоставување на цврсти врски и соработка. Простор за работа има голем, од култура преку економија, образование до меѓународни проекти - рече Горан Хабуш градоначалник на Вараждин.

Иницијативата и зближувањето на овие два града е резултат на залагањето на амбасадорот на Македонија во Хрватска Данчо Марковски, и на амбасадорот на Хрватска во Македонија Златко Крамариќ.

Започнуваме соработка преку бизнис заедниците на двата град, на двата региони. Така ќе се продолабочи соработката која постоела одамна, со децении наназад, но со сплет на околности таа била нарушена или прекината.  Тие врски ќе се обноват, бидејќи постои интерес и желба.  Оваа соработка да ја прошириме во областа на културата. Така ќе биде подобро за сите граѓани на двете општини – изјави Горан Петров градоначалник на општина Велес.

И двете општини планираат преку заеднички проекти, полесен пристап до разни фондови и Европски пари, а во интерес на граѓаните од двете општини.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »