речник контакт

Ракот на дојката, секоја година се повеќе регистриран кај жените во Велешко

Во 2020 година бројот на заболени жени од рак на дојка, во велешко изнесува 369, во 2021 се 370, лани 424 додека за ова полугодие се 296 жени

Петар Печков

Бројот на случаи со рак на дојката во Велешко од година во година е во пораст. Случаите растат а со тоа здравјето на жената се нарушува, но животната атмосфера  во семејството. Бидејќи докторите посочуваат дека со секој канцер на еден од членовите, страда и фамилијата.

„Во 2020 година бројот на заболени жени во велешко изнесува 369, во 2021 се 370, лани 424 додека за ова полугодие се 296 жени“ - кажа прим. др. Родна Јорданова од ЈЗУ Здравствен дом Велес.  По ова во салата на велешката библиотека, каде се одржуваше предавањет,о се слушна жагор и реакции од присутните жени.   

Според податоците на Светската здравствена организација, на глобално ниво,  бројот на случаи на ракот на дојката го мина ракот на белите дробови во светот, како најчест форма на канцер. Годишно во светот од овој карцином починуваат 400 илјади жени.  Во Македонија секоја година се дијагностицира зголемување на случаите на рак на дојка кај жената, кај возрасната група од 45 до 59 години.

„На годишно ниво во Македонија се дијагностицираат околу 750 нови случаи на карцином, на дојка.  Загрижува што од година во година смртноста расте. Во 2010 имало 310 починати во 2022 биле 336 жени со карцином на дојка„ - вели д-р Јорданова.  

Таа потсетува дека превенцијата е можна со  редовни самопрегледи од страна на жената. Поразителни се податоците од анкета реализирана во компанија во Велес, каде доминантно  вработени се  жени, кои  не се доволно запознаени што треба да сторат за превенција од ракот.

„ Со самото рано или редовно  одење, можна е рана детекција, со тоа и смртност ќе биде помала. На овој начин се намалува за 30 отсто смртноста.  Потребни се чести мамографски на две -три години, ехо прегледи, За жал свеста е уште на ниско ниво. Почетната фаза на ракот на дојка може да се излекува ако навреме се открие кај 95 отсто од заболените“ - додаде прим д-р Јорданова.  

Токму поради ова Организацијата на жени  од Велес организира трибини, предавања со женската популација, за подигање на свеста.

„Организираме предавања, трибини, посета на руралните средини, за да допреме до жената ја подигнеме свеста за превентивни прегледи.  Не е само ракот на дојката, тука е и ракот на матката“ - рече Мирјана Трајковска, претседател на Организација на жени од Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »