речник контакт

Рано утрово силен земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Велес

Земјотресот во епицентарот имал 5,4 степени по Рихтер а во Велес бил почувствуван со 3 степени по Европската макросеизмичка скала, измерени од Сеизмолошката опсерваторија на Природно математичкиот факултет од Скопје

Петар Печков

Ноќеска или рано утрово силен земјотрес ја погоди Црна Гора. Истиот се почувствувал и во Велес. Земјотресот во епицентарот има јачина од 5,4 степени по Рихтеровата скала која има до 10 степени. Засега нема информации дека има значителна материјална штета. 

Земјотресот е регистриран во 4ч и 6 минути од страна на Сеизмолошката опсерваторија на Природно математичкиот факултет од Скопје.  Од тогаш до пладнево до 14. Црна гора ја погодиле повеќе од 30 земјотреси, но без сериозни последици.

На територијата на Македонија, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови – Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени и во Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, која има 12 степени.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека во велешко нема пријави за евентуални штети од земјотресот. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »