речник контакт

Расипана локомотива создаде сообраќаен метеж утрово во Велес

Безмалку два часа требаше да се одблокира железничкиот премин на мостот Гемиџии

Петар Печков

Расипанатата локомотива, создаде сообраќан хаос во Велес утрово.  Околу 6,45ч. товарниот воз од Солунското пристаниште, кој патувал кон Средна Европа, застанал среде град, откако електричната локомотива се расипала. Поради тоа беше блокиран  железничкиот  премин на Нов мост а на Стар мост до 7,30, кога биле кренати рампите, па автомобилите не мораа да вртат преку Башини село...

Се додека не реагираше сообраќајната полиција, тоа создаде голема колона возила по улица 8 септември и ул. Благој Ѓорев, co нервозни возачи.

Среќна околност е што последниот вагон од товарниот воз, бил до преминот кај Стар мост па после 7,30 овој премин е ослободен за сообраќај. Поради тоа овој премин беше во функција и сообраќајот се одвиваше преку него.

Тоа создаде проблем за жителите од левата страна на градот, како да стигнат до работните места, да ги однеса децата во градинка, на училиште.

Железничкиот сообраќај беше нормализран откако во 8,40 дојде  друга локомотива, која беше дополнително пристигната, го повлече товарниот воз до Железничка станица Велес. Така скоро два часа беше нормализиран патниот сообраќај во градот.

Поради овој дефект на локомотивата од товарниот воз, патничкиот воз од Велес за Гевгелија , кој требаше да појде во 7,25 доцнеше и замина во 9,08ч.  

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »